Пендаровски од Собрание: Прво што ќе направам е да подадам рака до опозицијата
Стево Пендаровски ги поздрави сите присутни гости во своето обраќање од Собранието како нов претседател на Собрнаието по неговата заклетва на инаугурацијата.
- Поделеноста ги намалува нашите потенцијали за развој. Не постои толку мала земја во Европа што е толку поделена. Јавно се обврзувам дека ќе бидат претседател на сите - и на оние кои гласале за мене и за оние кои гласале за противкандидатите и на оние кои не гласале, рече во свечената изјава.
Прва работа што ќе ја направам е да подадам работа кон опозицијата, најави Пендаровски од собраниската говорница.
- Ќе понудат модели за поширок консензус. Ќе се ангажирам во дипломатските напори, особено во членството во НАТО и ЕУ. Мислам и на меѓуетничките односи и заедници. Нулта толеранција за корупцијата и непотизмот. Власта, опозицијата и бизнис-секторот мора да работат заедно. Одличните односи со сите пет соседи и регионалната соработка ќе бидат приоритет. Почитувани, имам јасна цел да дадам поддршка кон граѓанскиот сектор, слободна работа на медиумите. Промоциите во армијата и безбедносните структури ќе бидат само според закон. Крајно време е да изградиме професионални институции кои нема да зависат од тоа кој е на власт. Нека ни е вечна нашата татковина - Република Северна Македонија“, порача Пендаровски.
