Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски од денеска на средби со Штајнмајер и Маас во Германија

Пендаровски од денеска на средби со Штајнмајер и Маас во Германија

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, од денес и утре ќе престојува во официјална посета на Германија.

Шефот на државата ќе оствари одвоени билатерални средби со  претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин, објавија од кабинетот на Пендаровски.


Слично

Поврзани вести