Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски очекува телефонски повик од Штајмајер за спорот со Бугарија

Пендаровски очекува телефонски повик од Штајмајер за спорот со Бугарија

Денеска претпладне ќе има телефонски разговор помеѓу претседателите на Македонија и Германија - Стево Пендаровски и Франк-Валтер Штајнмајер. Главна тема на разговорите ќе бидат македонско-бугарските односи, конкретно за ветото со кое соседот се заканува дека ќе го сопре почетокот на пристапните преговори на Скопје со ЕУ.

Инаку вчера во Берлин македонските министри Бујар Османи и Никола Димитров имаа средба со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, на која домаќини беа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и министерот за Европа, Михаел Рот.

Како што дознава Дојче Веле, се бара компромис за македонскиот јазик за кој Бугарија инсистира да се именува како „официјалниот јазик согласно уставот на С. Македонија“ во документите на ЕУ, како и побрзо решение за историските настани и личности.


Слично

Поврзани вести