Пендаровски очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски
Претседателот на државата, Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии, предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.
Пендаровски очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.
Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја.
Денеска „падна“ договор за одржување на избори на 15 јули, датум кој е прифатлив и за ВМРО-ДПМНЕ.Претходно, имаше несогласувања помеѓу власта и опозицијата околу датумот.
Слично
