Пендаровски обвини дека Силјановска не е чесна со граѓаните, а што таа му одговори?
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во Свети Николе кажа дека неговиот противкандидат Гордана Силјановска Давкова го релативизирала настанот од 27 април.
Тој рече дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ немаше осуда, а Силјановска рекла дека некои други луѓе кои беа на страна на жртвите требало да бидат процесуирани.
Таа вели дека нејзина искрена намера била и ќе остане да придонесе за фер и демократски избори во април. Силјановска додава дека од почетокот на нејзиното кандидирање за претседател била мета на навредливи и лични напади од страна на портпаролот на СДСМ.
Силјановска додаде дека премиерот, Зоран Заев и делел лекции за почитување на Уставот.
Таа побара дуел со Пендаровски.
Слично
