Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски објави: Собрани 10.000 потписи за рекордно време

Пендаровски објави: Собрани 10.000 потписи за рекордно време

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави дека во рекордно време се собрани 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат.

- Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението се посочува дека продолжува собирањето потписи и во наредните часови и денови.

Денеска и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери собираат потписи за противкандидатот Гордана Силјановска Давкова и очекува за еден ден да бидат собрани потребните 10.000.

Слично

Поврзани вести