Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Нема никаков исход од разговорот со Радев, но ќе имаме прилики во Рим и на враќање

Пендаровски: Нема никаков исход од разговорот со Радев, но ќе имаме прилики во Рим и на враќање

Шефот на државата Стево Пендаровски на дочекот на бугарскиот претседател Румен Радев на скопскиот аеродром рече дека е остварена само кратка средба од која нема никаков исход. Тој рече дека клучните разговори ги водат владите на двете земји, додека претседателите може само да ја подобрат атмосферата во односите на соседите.

- Немаме никаков исход од разговорот, тоа беше само едно пријателско пиење кафе и разговор за тоа што се случуваше изминатите два дена во Брисел. Ќе имаме прилики и за уште разговори во Рим и на враќање. Оперативно, преговорите ги водат владите, а ние сме тука за релаксирање на атмосферата. Јас се надевам дека наскоро прашањата кои не разделуваат,дека наскоро ќе не зближуваат, рече Пендаровски на скопскиот аеродром.

Радев рече дека чествувањето е Светите браќа Кирил и Методиј е добар повод за повторно да се воспостават добри односи на високо ниво помеѓу државите.

Пендаровски ќе предводи државна делегација во Ватикан и Рим, а таму ќе патува заедно со претседателскиот авион на Радев.

Слично

Поврзани вести