Пендаровски нема да оддржи говор на Мечкин Камен
Оваа година за големиот празник Илинден нема да има говор во Крушево. Претседателот на државата, Стево Пендаровски на 2 август по повод државниот празник Илинден, нема да оддржи говор на Мечкин Камен во Крушево.
Шефот на државата ја менува традицијата по 30 години, со образложение дека треба да се избегнат поделби. На Мечкин Камен нема да се обрати никој од политичарите, а наместо говор, Пендаровски ќе има само кратко видео обраќање од две минути.
Централната манифестација наместо во 12 ќе почне по 18 часот. Пендаровски информираше дека поканети се буквално сите лидери на сите парламентарни партии, а за прв пат на Мечкин камен ќе се појави и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Манифестацијата на Мечкин Камен ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Предвидени се настапи на Танец, на албански ансамбл за песни и ора, како и ора на Воениот оркестар. Ќе настапи и Влатко Стефановски. Во Крушево ќе биде и традиционалната коњаница, а ќе маршира и почесен баталјон на АРМ.
Илинден е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
