ПЕНДАРОВСКИ: Некоректно е да учествуваш во Влада, а да не ја гласаш
Претседателот Стево Пендаровски вели дека политички преседан и некоректно е да учествуваш во Влада, а да не ја гласаш. Шефот на државата ваков став изнесе во интервјуто за телевизијата Алсат-М, за опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното неприфаќање на спикерот Талат Џафери за премиер на техничката Влада.
„Или се согласувате, или не се согласувате на техничка Влада. Можете да кажете не сакаме да даваме воопшто луѓе, но не може да го спориш предлогот кој според Законот за оваа Влада го дава парламентарното мнозинство. Ако тие предложат да биде Талат Џафери, твое е само да кажеш учествувам, или не. Не може да го спориш како поединец, или како личност“, изјави Пендаровски.
Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да почне утре околу 20:30 часот по што официјално ќе се знаат кандидатите за министри и дополнителни заменик-министри во ресорите што според Законот за Владата, треба да ѝ припаднат на партијата.
Слично
