Пендаровски: Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ
Поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски не гледа дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на Европската Унија(ЕУ).
Во обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: можности и предизвици“, Пендаровски порача дека војната во Украина е катализатор за европската безбедност и за нејзината надворешна политика, вклучително и проширувањето, но дека ЕУ не успеа да постави нови стандарди на тој план. Пендаровски рече дека од ЕУ зборуваат дека сакаат да примат нови членки, но додава дека геополитичкиот момент се промени.
Кристоф Бендер, потпретседателот на Европската иницијатива за стабилност, пак, порача дека патот кон ЕУ за целиот регион е најдобар со целосно членство во Унијата.
фото принтскрин
