Пендаровски: Не е пријатно кога некој те следи и фотографира
Стево Пендаровски, еден од кандидатите за нов претседател на Македонија, на денешниот брифинг рече дека непозната личност постојано го следела и го фотографирала и токму затоа се одлучил да го пријави случајот во МВР.
- Не сум исплашен за мојата безбедност и интегритет, но непријатно е чувството кога знаете дека постојано некој ве следи и ве фотографира - рече денеска кандидатот подржан од владеачката коалиција за нов шеф на државата на претстојните претседателски избори.
Тој додаде дека нема намера да врши понатамошен притисок над полицијата и дека „случајот им го препушта на професионалците во МВР“.
Пендаровски случајот го пријави во петокот откако претходно рече дека се сомнева во странски служби, а премиерот Зоран Заев во саботата кажа дека тоа се најверојатно „папараци“ кои сакаат да измислат дека националниот координатор за НАТО вози поскап автомобил, наместо пријавеното „југо“.
