Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изјави дека не му побарал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев гаранција за обезбедено мнозинство.

Рече дека тој не може мандатот да го чува во фиока. 

„Не му барав на Заев, но доколку го врати мандатот, нема гаранции да му барам ниту на Мицкоски за обезбедено мнозинство“, вели Пендаровски.

Вели дека доколку  Заев го врати мандатот, Мицкоски ќе дојде кај него за доделување на мандатот. 

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ги замрзнува односите со Пендаровски, и рекоа дека ќе мора да докаже дека е претседател на сите граѓани. 

Слично

Поврзани вести