Пендаровски: Нам ни е преку глава од сите овие приказни дека сме географски дел од Европа
Не можам да му објаснам на просечен македонски гласач или граѓанин колку е важно да влеземе во ЕУ – организација основана во 1957 година, во 20-иот век – каква етничка припадност бил Гоце Делчев или некој друг херој-основоположник, како цар Самуил пред десет века, вели претседателот Стево Пендаровски за Euronews.
Верува дека бугарскиот премиер Кирил Петков и македонскиот Димитар Ковачевски можат да го решат ќор-сокакот.
Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата, потсети Пендаровски.
„И после тоа, одеднаш – сè уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа – почнаа да зборуваат за историјата, за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и, можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, беа фатени во тесно и неподготвени… Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не му се случило на ниту еден друг кандидат за членство во ЕУ“, рече Пендаровски.
Вели дека нам ни е преку глава од сите овие приказни дека сме географски дел од Европа.
„Би сакале конечно да бидеме институционален дел од Европа. Нема да се откажеме. Тоа е сигурно…Но, можам да ви кажам дека, доколку уште едно одложување се случи повторно, тогаш, од јуни натаму, проевропските сили и проевропските политичари или реформисти нема да победат на други избори во оваа земја“, оценува Пендаровски.
Тој потсетува дека Македонија веќе прескокна значителни пречки за да ја покаже својата посветеност за пристапување во Унијата со решавањето на спорот со Грција за името (Преспанскиот договор), за потоа да се јави прашањето со Бугарија.
