Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Надвор од реалноста е уставните измени да бидат со одложено дејство

Пендаровски: Надвор од реалноста е уставните измени да бидат со одложено дејство

И јас би сакал, но надвор од реалноста е уставните измени да бидат со одложено дејство, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски за барањето на ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаде дека уставните измени мора да се направат до завршувањето на скрининг-процесот за да може да се одржи втората конференција за отворање на кластерите со преговарачките поглавја. 

„Премиерот е во право и кога тврди дека има драстична промена во ставот на главната опозициска партија, која претходно воопшто не прифаќаше да гласа за Бугарите во Устав, тврдејќи дека ние не можеме да прифатиме уставни измени под бугарски диктат и второ тврдеше за сето време, месеци наназад дека овој парламентарен состав нема добиено мандат од граѓаните во 2020 година за воопшто да влезе во процесот на уставни промени, што е неспорно. Од друга страна опозицијата е во право кога вели дека нејзините предуслови кои дополнително ги има испоставено на таа лидерска средба, особено за одложено дејство на уставните промени или да важат откако би влегле во Европската Унија или кога ќе заврши процесот на ратификација на тие пристапни протоколи, според мене тоа е апсолутно надвор од реалноста. Јас би сакал такво нешто“, рече Пендаровски.

Барањето, односно предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од лидерската средба за одложено дејство на уставните промени до приемот на Македонија во Европската Унија, според шефот на државата Стево е надвор од реалноста, иако и тој би сакал такво нешто. На 7-ми месецов се одржа лидерска средба. 

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат уставните измени да важат од влезот на земјава во Европската Унија. 

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вчера повторно упати провокации кон Македонија, револтиран затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кочи внесувањето на Бугарите во Уставот. 

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести