Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Надвор од процедура не може да се тргаат плочите на спомениците

Пендаровски: Надвор од процедура не може да се тргаат плочите на спомениците

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во Само интервју на Канал 5 вечерва изјави дека не сака да се повтори да бидеме рекордери во чекалната на ЕУ, бидејќи долго чекавме за влез во НАТО. 

Вели дека овој народ многу се измачи, и дека знаеме каде живееме, на Балканот каде едно шкорче може да го запали регионот. 

„Заев не е познат по жестока реторика кон било која држава“, рече претседателот. 

Вели дека за жал имало националистичка реторика од некои бугарски политичари кон нас. Рече дека официјалните лица во земјава секогаш внимавале какви изјави даваат, со цел да не ги навредат соседите, но од друга страна имало навреди кон македонската нација. Пендаровски рече дека сме биле под бугарска окупација, а изјавите на премиерот Зоран Заев дадени за БГНЕС не сакаше да ги коментира детално. Вели дека надвор од процедура не може да се тргаат плочите на спомениците. Прво треба да се постигне договор меѓу комисиите. 

„Неговата добра намера јас не ја спорам, меѓутоа во времето на глобализацијата ништо не останува за една јавност“, рече Пендаровски за интервјуто на Заев. 

Тој вели дека тврдењата на опозицијата дека некој нешто продава се неточни. 

Слично

Поврзани вести