Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ НА СРЕДБА СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ЅУО - има ли шанси да добиеме од кинеската вакцина против ковид?

ПЕНДАРОВСКИ НА СРЕДБА СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ЅУО - има ли шанси да добиеме од кинеската вакцина против ковид?

Претседателот Стево Пендаровски денеска го примил амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, се реафирмирал ставот дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

„Претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување“, се вели во соопштението.

На средбата, како што велат од Кабинетот, се размениле и мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.

На дополнителното прашање од Фактор до Кабинетот на претседателот дали можеби на средбата со кинескиот амбасадор се разгиварало за евентуална помош од Кина за земјава во снабдување со нивната вакцина Синовак, односно за набавка или евентуално донација, оттаму кусо ни изјавија дека „се што се разговарало, е ставено во соопштението“.

Инаку, во соседна Србија, во саботата пристигна авион со еден милион кинески вакцини.

„Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести