Пендаровски: На ОМО Илинден им реков дека не можам да им ги решам проблемите
- Немаше аргумент во тоа соопштение. Дали некому пречи самата средба? Нема ништо спорно во изјавеното од моја страна и од моите соговорници. Тоа не оди контра од договорот од 2017. Тоа не е проблем ако некому му пречи средба на претседателот со Македонци од каде било од светот. До сега две и пол години немам одбиено никого кој сакал да се види со мене, рече денеска претседателот Стево Пендаровски како одговор на новинарско прашање по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.
Бугарското Министерството за надворешни работи (МНР) изрази загриженост што македонскиот претседател за првпат прими делегација од претставници на ОМО „Илинден“, организација на македонското малцинство во Бугарија кое соседната земја не го признава.
- Морам и ќе продолжам да се среќават со тие луѓе. Радев во повеќе наврати прими во Софија граѓани на Македонија со бугарско самочувство. Само во една таква атмосфера можеме да го надминеме овој проблем, додаде Пендаровски.
Шефот на државата сепак истакна дека не им рекол на членовите на ОМО Илинден дека не може да ги реши нивните проблеми во Бугарија.
- Јас ве примам да ги чујам вашите маки, но во смисла дека јас ќе наложувам на бугарските институции, им реков - тоа од мене немојте да го очекувате. За тоа се надлежни бугарските институции. Ако не сте задоволни, имате право да одите пред меѓународните судови. И тоа е во склад со договорот од 2017. Исто и за Бугарите од Северна Македонија. Ако не се задоволни, имаат право да одат пред меѓународните судови.
Не можам јас никого да лажам дека ќе му ги решам проблемите наместо бугарските институции. Моето овластување и надлежност е до тука, коментираше Пендаровски.
