Пендаровски на мегдан со шарените револуционери: Зоран Заев е мек
Зоран Заев е мек, изјави кандидатот на СДСМ и коалицијата за претседател, Стево Пендаровски, кој излезе на мегдан и се соочи со шарените револуционери.
На прашањето од што е незадоволен од владеењето на СДСМ овие две години, изјави дека премиерот Зоран Заев е мек, и добар, и тоа е негова мана. Рече дека ова и лично му го кажал на премиерот. Според него, Заев е добар дури и со луѓето кои ќе го убиеја.
„Мора да има санкции. Луѓето кои се на одговорни функции, имаат одговорни општини“, рече тој.
Вели дека има и општини каде граѓаните не се задоволни од управувањето и работењето на градските татковци.
Слично
