Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ НА ЛИНИЈА СО РАДЕВ - можна официјална посета на шефот на државата на Бугарија

ПЕНДАРОВСКИ НА ЛИНИЈА СО РАДЕВ - можна официјална посета на шефот на државата на Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.

„Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија“, се вели во соопштението.

Во тој контекст, како што се нагласува, претседателот Пендаровски го поздравил воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакнал подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период.  

„Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Слично

Поврзани вести