Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ МУ ВОЗВРАТИ НА МИЦКОСКИ: Тој најмалку има право да зборува за рејтинзи, неговиот е двојно понизок од неговата партија

ПЕНДАРОВСКИ МУ ВОЗВРАТИ НА МИЦКОСКИ: Тој најмалку има право да зборува за рејтинзи, неговиот е двојно понизок од неговата партија

Во врска со изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за рејтингот на претседателот Пендаровски, од Кабинетот на претседателот го проследија с,ледниов негов став за тоа прашање.

„Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг.

Имено и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски.

Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50 отсто понизок рејтинг од партијата која ја предводи.

Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмината на листата“, пишуваат од Кабинетот на претседателот.

Слично

Поврзани вести