Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Мицотакис не може да ја блокира Македонија

Пендаровски: Мицотакис не може да ја блокира Македонија


По ратификација на договорот од Преспа во грчкиот Парламент, Македонија е на чекор да стане членка на НАТО. Чешка веќе најави дека во понеделник ќе побара Македонија да го потпише протоколот за членство во НАТО.

Потоа протоколот ќе биде усвоен во парламентите на сите 29 членки на НАТО, почнувајќи од Грција. Националниот советник за НАТО, Стево Пендаровски смета дека ратификацијата е добар сигнал за целиот регион и историски момент во сите параметри.

Во однос на изјавите на лидерот на опозициската грчка Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, дека кога ќе стане премиер ќе го блокира членството на Македонија во ЕУ, Пендаровски рече дека тоа нема да може да го направи поради договорот од Преспа.

Договорот од Преспа потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров го затвори 27 годишниот спор меѓу двете земји, а кој со години го кочеше евроатланскиот пат на Македонија.



Слично

Поврзани вести