Пендаровски: Мицкоски бил следен од близок член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ
На Мицкоски не му кажале дека тие соработници на тајните служби, кои ги цитираше со кодните имиња „Цилиндар“ и „Џокер“, едниот е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, вели во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски во врска со наводниот скандал за следење на Мицкоски како лидер на опозицијата.
– Не знам какво е тоа следење, да те следат дека дигаш тегови или да одиш на Водно со семејството, каков разузнавачки податок ќе добиеш од тоа? Не знам дали му кажале или не, ама едниот од тие што го спомна, а го следеле, е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а другиот соработник на најмоќната странска служба, објасни Пендаровски.
Според поранешниот претседател на македонската политичка елита ѝ недостига стратешко размислување.
– „Недостига стратешко размислување. Не може луѓето да ти ги кажат стратешките приоритети, ти треба да им ги кажеш ако си премиер, претседател“, вели Пендаровски.
