Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Mакедонскиот пат кон ЕУ ќе стагнира

Пендаровски: Mакедонскиот пат кон ЕУ ќе стагнира

Претседателот на државата, Стево Пендаровски вели дека се појасно е дека бугарското вето ќе остане, а македонскиот пат кон ЕУ ќе стагнира. 

Вели дека шансите за датум стануваат се помали, а причината е политичката конструкција во Бугарија, каде премиерот Кирил Петков останува сам да се бори за европската перспектива на Македонија во јуни.

„Тој е еден од оние кои се потполно осамени во битката за европска Бугарија, европско однесување на Бугарија во однос на Западниот Балкан минимум. Моја проценка е се што прави е да го омекне социјалистичкото крило“, изјави Пендаровски. 

Ветото за Македонија не може да се тргува за „танкери, пари или Шенген“, велат бугарските социјалисти.  Додаваат дека има доста заложби Бугарија да го тргне ветото. 

Слично

Поврзани вести