Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Македонија треба дефинитивно да се позиционира како дел од западната цивилизација

Пендаровски: Македонија треба дефинитивно да се позиционира како дел од западната цивилизација

Националниот координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски,  вели дека ДНК на современа Македонија е составена од три историски одлуки, и четвртата која треба да го заокружи нејзиниот меѓународен легитимитет.

„Со Прохор Пчински во 1944 и референдумот за независност во 1991 година, Македонците за првпат во својата историја формираа своја држава. Со Рамковниот договор во 2001 година државата го призна ноторниот факт дека не е држава само на Македонците, а на претстојниот референдум за договорот за името и влезот во НАТО и ЕУ, Македонија треба дефинитивно да се позиционира како дел од западната цивилизација, и преку прифаќање на фактот дека се протега на еден дел од географска Македонија, де факто, да постигне историско помирување со своите соседи по поделбата во 1913 година“, изјави Пендаровски за „Дојче веле“.

Смета дека во сите изминати години политичката реторика се менувала, но останало како константа одбивањето на дел од политичките лидери да се соочат со внатрешната реалност и со поширокиот надворешнополитички контекст.

Слично

Поврзани вести