Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски ќе се сретне со Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски

Пендаровски ќе се сретне со Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски

Шефот на државата Стево Пендаровски ќе учествува на заеднички настан со поранешните македонски претседатели Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски на покана на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), која во понеделник и вторник организира научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“.

На првиот ден, покрај Пендаровски, Иванов и Црвенковски, ќе се  обратат и Живко Кондев, шеф на Кабинетот на првиот претседател на државата Киро Глигоров и Владо Поповски, кој беше советник во Кабинетот на претседателот Борис Трајковски.

Поздравно обраќање ќе има и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.


Слично

Поврзани вести