Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ СЕ ОБРАТИ: Ќе има ли продолжување на вонредната состојба?

ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ СЕ ОБРАТИ: Ќе има ли продолжување на вонредната состојба?

Во текот на денешниот ден се очекува обраќање на претседателот Стево Пендаровски. Тој ќе ги извести граѓаните за евентуално продолжување на вонредната состојба заради корона вирусот, но можно е и укинување поради непречено одржување на вонредните парламентарни избори. Истовремено, шефот на државата треба да информира и за нова лидерска средба, а како што соопштуваат од неговиот Кабинет, претседателот Пендаровски треба да каже дали ќе има и состанок на Советот за безбедност кој треба да се произнесе за вонредната состојба.

Во однос на датумот на евентуално одржување на предвремените парламентарни избори, до сега партиите не постигнаа консензус, се шпекулира за 5, 12 или 19 јули, но се ќе зависи од денешното обраќање на претседателот Пендаровски од кого јавноста треба да слушне дали на сила и понатаму ќе остане вонредната состојба. 


Слично

Поврзани вести