Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Ќе се доделува орден „Киро Глигоров“

Пендаровски: Ќе се доделува орден „Киро Глигоров“

Во негова чест, би сакал да најавам дека како ваш иден претседател, ќе иницирам воведување Орден „Киро Глигоров“ кој ќе се доделува на заслужни граѓани кои дале придонес кон мирот и безбедноста во државата, рече денеска во Штип кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Тој изјави дека независна Македонија памети претседатели на Републиката кои во своите мандати оставиле силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движеле земјата, а дека е горд што лично го познавал Киро Глигоров, исклучителен човек, политичар и државник. 

„Неговата улога во осамостојувањето и меѓународното признавање на нашата татковина. Неговите храбри политички потези се пример за политичар со визија и државник кој на пиедесталот на своите државнички приоритети ја имаше татковината, своите граѓани и нивниот мир.Токму затоа, во негова чест, би сакал да најавам дека како ваш иден претседател, ќе иницирам воведување Орден „Киро Глигоров“ кој ќе се доделува на заслужни граѓани кои дале придонес кон мирот и безбедноста во државата, рече Пендаровски.


Слично

Поврзани вести