Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Ќе побарам морална одговорност, но не се поминати ниту 24 часа

Пендаровски: Ќе побарам морална одговорност, но не се поминати ниту 24 часа

Стево Пендаровски денеска во Тетово рече дека ќе побара морална одговорност, но откако ќе заврши истрагата, за трагедијата со пожарот во модуларната ковид-болница во која загинаа 14 лица.

- Ќе барам и морална одговорност, но нека поминат неколку дена. Се уште е рано, не поминале ниту 24 часа од пожарот. Во овој момент не знам дали постои основ за таква одговорност. Она што го знам е дека во што побрз период да се излезе со истрага и извештај за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива и не сака да истражи, рече шефот на државата пред новинарите.

Тој рече дека одлуката која ја донесе Владата да се повикаат странски експерти била негов предлог и додаде дека овие стручњаци ќе бидат испратени од најмоќните земји од Европа кои имаат стручна експертиза, а во следните 48 часа треба да се случи нивното доаѓање.

Пендаровски додаде дека очекува од јавниот обвинител да го заврши извештајот барем за пет дена.

- Не смееме да дозволиме истрагата да трае со месеци. Потребен е брз и темелен одговор без паузи во истрагата. Државата барем сега не смее да падне на овој испит, вчера славевме 30 години независност, треба да покажеме дека ја заслужуваме таа државност со сите нишани, истакна тој.

Пендаровски додаде дека до овој момент нема основ да се шпекулира во таа насока дека е извршен терористички акт во болницата.

Слично

Поврзани вести