„ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА СВОЈОТ НЕОНАЦИЗАМ“: Стојанов директно до претседателот
По вчерашните изјави на шефот на државата, Стево Пендаровски, дека Софија треба да се извини за депортацијата македонските Евреи во Треблинка, реакција стигна од Претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов и тоа директно упатена до Пендаровски.
Во објавата на ФБ тој напиша дека претседателот Пендаровски ќе одговара за неговиот неонацизам.
-Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере!
Слично
