Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ МУ ПРАТИ ПОРАКА НА ЕРДОГАН ЗА ПАЛЕВСКИ: Мислам дека е прекрупен случајот да оставиме туку така да се одвива по бирократски коридори

ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ МУ ПРАТИ ПОРАКА НА ЕРДОГАН ЗА ПАЛЕВСКИ:   Мислам дека е прекрупен случајот да оставиме туку така да се одвива по бирократски коридори

Претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе реагира кај неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за да се забрза екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски.

Тој доби 40 дневен екстрадициски притвор во Турција.  Според Пендаровски, не би требало да има одолговлекување од турска страна поврзано со барањето на Анкара за испорака на т.н ѓуленисти од 2019-та.

„Размислувам овие денови да пратам порака до мојот колега Ердоган во таа насока дека очекуваме екстрадицијата на првоосомничениот да се случи порано. Мислам дека е прекрупен случајот да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај Боже да трае со месеци или со години“, вели Пендаровски. 

Инаку, Палевски е осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес. Тој избега во Србија, оттука преку Бугарија, се упатил во Турција, каде турската полиција го уапси во градот Баликесир. 

фото Фејсбук/Стево Пендаровски

Слично

Поврзани вести