Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски го посети семејството на Борис Трајковски кој сега ќе имаше внуки

Пендаровски го посети семејството на Борис Трајковски кој сега ќе имаше внуки

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета кај Вилма Трајковска и семејството на поранешниот шеф на државата Борис Трајковски.

„Во посета на семејната куќа на претседателот Борис Трајковски во Струмица. Споделивме спомени за неговата личност, посветеност како политичар, но и верник кој со политиката што ја водеше урна многу стереотипи и беше високо почитуван и дома и во меѓународната заедница“, напиша Пендаровски.

На 26-ти февруари, 2004 година, тогашниот македонски претседател Борис Трајковски, трагично го изгуби животот во авионска несреќа. Тогаш Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.



Слично

Поврзани вести