Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски го осуди пукањето во „Цар Борис Трети“: Брза и детална истрага

Пендаровски го осуди пукањето во „Цар Борис Трети“: Брза и детална истрага

Претседателот Стево Пендаровски го осуди вчерашниот инцидент во охрид, каде што со огнено оружје беше пукано во просториите на бугарскиот културен клуб „Цар Борис трети“.
„Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид. Очекувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите“, објави кратко шефот на државата.

Претходно и македонското Министерство за надворешни работи (МНР) најстрого го осуди вандалскиот чин што се случил вчера вечер, при што, меѓу другото,со употреба на оружје се оштетени стаклата на граѓанскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

„Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Од МНР ги повикаа надлежните институции да ги истражат околностите под кои се случија овие вандалски активности и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава.


Слично

Поврзани вести