Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски го одби барањето на Катица Јанева за помилување

Пендаровски го одби барањето на Катица Јанева за помилување

Претседателот Стево Пендаровски го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева. 

При тоа, од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување. 

- Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од таму.

Покрај Јанева, претходно во медиумите беше објавени дека и поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, како и бизнисменот Сеад Кочан побарале помилување од Пендаровски додека ги издржуваат затворските казни.

Јанева и Панчевски годинава по првпат, додека Кочан по вторпат се обиделе преку шефот на државата да го скратат својот престој во затвор каде што издржуваат повеќегодишни казни.

Поранешната специјална обвинителка е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“.


Слично

Поврзани вести