Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ: Mакедонските граѓани имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20-от век

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ: Mакедонските граѓани имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20-от век

Шефот на државата, Стево Пендаровски, упати порака по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

„Карактерот на еден народ се цени според неговото однесување во пресвртни историски периоди. За време на Втората светска војна, кога поголемиот дел од Европа беше окупиран, а милиони луѓе беа обесправени, фашизмот, на врвот на својата моќ, изгледаше застрашувачки. Токму во тие мрачни времиња, македонските граѓани имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20-от век. На 11 октомври 1941 година македонските партизани го означија почетокот на народноослободителната борба. Станавме дел од антифашистичката коалиција и заедно со останатите праведници, ја избравме вистинската страна на историјата“, порачува Пендаровски. 

Утре е неработен ден во Македонија за сите граѓани. 


Слично

Поврзани вести