Пендаровски: Фрчковски знае само задкулисни маневри и кафански озборувања
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се огласи на социјалните мрежи и не му остана должен на професорот Љубомир Фрчковски кој во емисијата „Во Центар“ го прогласи за „мешетар во СДСМ“.
- Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата "Во Центар" во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување:
Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум "мешетарел" како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување.
Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради "квалитетот" на изворите со кои се дружат, напиша Пендаровски.
Фрчковски го обвини поранешниот шеф на државата дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа во неделата вечер, во гостувањето во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“.
Иако нагласи дека нема да зборува за имиња, Фрчкоски сепак директно го спомна Пендаровски и рече:
– Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе…
Инаку, во кулоарите веќе подолго време се шпекулира дека Стево Пендаровски води некаква иницијатива за реформи во СДСМ и во опозицискиот блок, но до овој момент за тоа никој не проговорил јавно.
Слично
