Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: ЕУ интеграциите клучен фактор за стабилноста и демократијата на Регионот

Пендаровски: ЕУ интеграциите клучен фактор за стабилноста и демократијата на Регионот

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес во Охрид, се обрати  пред присутните учесници на работилницата на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: Импликации за земјите од Западен Балкан“ и истакна дека цел на нашата држава не е само да биде номинална, туку да биде членка која што ќе се грижи и за пошироките безбедносни предизвици.

„По поканата за членство во Алијансата земјата неспорно влезе во помирни води, но далеку сме од тоа да тврдиме дека предизвиците се зад нас. Тероризмот, верскиот екстремизам, нелегалната миграција, сајбер-нападите, хибридните војни нема да исчезнат. Свесни сме дека најефикасниот начин за справување со т.н. нетрадиционални безбедносни закани што се високо на агендата на НАТО, е заедничкото соочување со нив. Размената на информации и здружувањето на ресурсите на земјите-членки и на земјите партнери можат само да придонесат за подобро справување со предизвиците“, истакна претседателот Пендаровски.


Шефот на државата потсети дека влезот во НАТО подразбира седење на иста маса и подеднаков глас со останатите членки, што значи дека 29 земји ќе се залагаат да ја заштитат нашата безбедност, за која нагласи дека е темел на просперитетот и на економскиот развој. Но исто така, потенцираше дека „перспективите на евро-атлантските интеграции продолжуваат да бидат клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот на Западен Балкан и денес“.

Според Пендаровски, клучниот стратешки пробив што земјата го направила во сферата на безбедноста несомнено е поканата за членство во НАТО, и тоа после турбулентни години во регионот, од крвави етнички војни се до конфликтот во земјата од 2001 година, за кој забележа дека се закануваше да ја фрли земјата во бездната на меѓуетнички судир. Тука ги посочи и долгите години автократски режим зо земјата за кои рече дека ја оддалечија државата од западните и европските вредности и ја одложија евроатлантската интеграција.



Слично

Поврзани вести