Пендаровски е изненаден од Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа партиски портпарол на Заев
Шефот на државата Стево Пендаровски е непријатно изненаден од изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која неговата средба со претседателот на САД, Џо Бајден ја нарекува „ТикТок средба“.
„Станува збор за САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница со кои сме дел од истата демократска заедница на вредности и затоа треба да покажеме поголема почит кон нивните политички претставници“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот на државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дека Пендаровски во оваа ситуација се покажал како партиски протпарол. „Стево Пендаровски уште еднаш покажа дека е партиски портпарол на Заев, наместо претседател на сите граѓани на Македонија“, велат од партијата.
Тие побараа да реагира претседателот по најновите случувања во Собранието.
Слично
