Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Дозволивме премногу демократија, затоа ни се случи Вања

Пендаровски: Дозволивме премногу демократија, затоа ни се случи Вања

Претседателот Стево Пендаровски во традиционалното предновогодишно обраќање во Собранието побара државата системски и навреме да ги маргинализира оние кои пропагираат антицивилизациски вредности и така да се заптитиме од потенцијални убијци.
Посочи дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија и рече дека преку личната трагедија на малата Вања и нејзиното семејство можевме да ја видиме целата патологија на македонската транзиција.
„Требаше секој од нас, а посебно ние политичарите, многу почесто и погласно да зборуваме против овие појави, наместо да веруваме во моќта на нашиот демократски систем дека ќе може да ги толерира и апсорбира ваквите екстреми. За жал, потфрли и севкупниот општествен систем затоа што во името на некаков погрешно разбран демократски плурализам не ги оневозможи овие индивидуи од натамошно загадување на јавниот простор“, констатираше претседателот Пендаровски. 
Претседателот истакна дека механизмите на правната држава мораат на време да ги санкционираат сите оние кои користат говор на омраза кон политичките противници, кои навредуваат или се закануваат на луѓе од друга вера или нација и порача дека мора да бидат забранети политички партии и невладини организации кои ја злоупотребуваат демократијата како неспорна вредност на модерниот свет. 
„Со други зборови, државата мора системски и навреме да ги маргинализира оние кои пропагираат антицивилизациски вредности за да превенираме некои идни убијци кои освен наши граѓани, деца, возрасни или старци, можат повторно да ја убијат и нашата колективна совест“, рече претседателот.


Слично

Поврзани вести