Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски доби покана од Путин за јубилејната прослава на победата над фашизмот

Пендаровски доби покана од Путин за јубилејната прослава на победата над фашизмот

Македонскиот претседател Стево Пендаровски добил покана од шефот на Руската федерација, Влчадимир Путин, да присуствува на прославата на 75 годишнината од победата над Фашизмот 

Ова го потврди самиот Пендаровски по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во рамките на средбата на маргините на Парискиот мировен форум, каде што шефот на државата се состана и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Прославата на 75 годишнината од победата во Втората светска војна ќе се оддржи на 9 мај идната година во Москва.

„Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Значи, секако ќе бидам таму“, изјави Пендаровски во Париз.

Покрај со Макрон и Лавров, тој во Париз имаше разговори уште со австриската канцеларка Бригите Бирлајн и заменик претседателот на НР Кина Ванг Кишан.

На поканата досега позитивно се одзваа лидерите на Индија, Куба, Франција, Чешка, Венецуела, Белорусија. Ерманија, Бугарија и Србија.

Оваа година покана е испратена и до американскиот претседател Доналд Трамп.

Слично

Поврзани вести