Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски до МВР доставил листа со 14 лица на кои треба да им биде забранет влезот во Македонија

Пендаровски до МВР доставил листа со 14 лица на кои треба да им биде забранет влезот во Македонија

Претседателот Стево Пендаровски доставил листа со 14 листа до МВР, на кои на 4 февруари треба да им биде забранет влез од Бугарија во Македонија, дознава Телма.

Ова е обид како превентивна мерка да се спречи влез на бугарски државјани кои имаат намера да провоцираат на денот на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Истовремено стигна и одговор од Бугарија дека соседот ќе направи се што е потребно да се избегне влез на гости кои имаат намера да се слуѓат со провокации, а понудена е и помош ако треба за македонските колеги од полицијата.

И денеска полицајци во униформи и во цивил се распоредени околу црквата „Св. Спас“ за да го обезбеди просторот и пристапот кон гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев од евентуални инцидентни состојби. 



Слично

Поврзани вести