Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски до Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

Пендаровски до Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа, му порача македонскиот претседател Стево Пендаровски, на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков. 

Таму е извршен масакарот на 12 млади лица во 1943 година. Ова доаѓа по изјавата на Милков кој кажа дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе. Пендаровски вели дека изјавата е грозна.

„Во однос на изјавата на господинот технички министер за надворешни работи… Тоа е прилично грозна изјава.. Вели: ‘Во Македонија се враќа традицијата на колежи, стрелање и насилство’. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44 (окупацијата на Бугарија врз Македонија*). Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, кажа Пендаровски.

Пендаровски бара да се забрани влез на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Инаку, Милков ја даде оваа изјава откако во Охрид, три лица истепаа младо момче кое е секретар на бугарскиот клуб во градот. Но, медиумите објавија дека момчето на социјалните мрежи објавувало фотографии од партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ. Пишуваат дека Христијан Пендиков од тврдокорен Македонец станал Бугарин. 

Слично

Поврзани вести