Пендаровски: До крај да се испитаат информациите на Ла Верита за вакцините
Да се проверат до крај информациите на италијанскиот весник „Ла Верита“ околу набавката на кинеските вакцини за Македонија, рече претседателот Стево Пендаровски вечерва гостувајќи во емисијата Клик плус на ТВ 21.
Рече дека не е надлежен да бара информации од Министерството за здравство и од Владата.
„Видов весникот што објавува. Но, секој медиум или социјална мрежа треба да го претресеме од сите агли пред да објавиме нешто. „Ла Верита“ треба да се провери до крај, и плус што го објавуваат тоа во продолжението како документи со некои кинески фирми. Плус имаме информација од министерот за здравство зошто тоа е направено. Откако од кинеското МНР им е посочено дека тоа не е патот до вакцините, е вратен тој капар како што го нарекуваат“, рече Пендаровски.
