Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски денеска ќе му го додели мандатот на Заев, преговорите за Влада продолжуваат

Пендаровски денеска ќе му го додели мандатот на Заев, преговорите за Влада продолжуваат

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска напладне ќе оди кај шефот на државата Стево Пендаровски кој треба да му го предаде мандатот за составување нова влада, по што ќе продолжат преговорите за обезбедување на владеачко мнозинство.

– Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќето партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата, гласи вчерашното кратко соопштение од кабинетот на претседателот на државата.

Претходно од таму брифираа само дека Пендаровски се консултирал со експерти, а заклучокот бил дека Собранието е конституирано на 4 август и оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот. 

Талат Џафери, актуелниот претседател на парламентот, вчера им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на спикер на законодавниот дом, иако тоа засега останува неизвесно.

По доделувањето на мандатот, мандатарот има рокод 20 дена на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата и секако тоа да биде изгласано доколку има мнозинство во Законодавниот дом.

СДСМ според последното соопштение за медиуми, е убеден дека претседателот на партијата Зоран Заев ќе биде премиер на следната четиригодишна влада.

„Следуваат сериозни преговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владејачка коалиција со стабилен и полн четиригодишен мандат. затоа што успешните политики на СДСМ и Владата што ја водеа беа докажани на последните парламентарни избори“., се огласија од „Бихаќка“.

Сепак, партиите сè уште молчат за неофицијалните информации дека преговорите меѓу СДСМ и ДУИ се заглавени на прашањето нза албански премиер. Од СДСМ велат дека разговорите продолжуваат и има време да се постигне договор, додека ДУИ не дава информации. Партиите молчат за неофицијалните информации дека СДСМ и ДУИ не се далеку од постигнување договор


Слично

Поврзани вести