Пендаровски денеска кај Дуда да разбере што му шепнал Макрон
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска е во официјална на Полска на средба со полскиот претседател Анджеј Дуда. Посетата на Пендаровски доаѓа еден ден по средбата во Полска помеѓу Дуда и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Очекувам и верувам дека утре во Варшава со домаќинот, претседателот Анджеј Дуда ќе имаме корисни разговори во насока на продлабочување на пријателството и политичкото партнерство на нашите две земји“, напиша Пендаровски пред денешната посета.
Советник на Макрон најави дека Франција може да ја тргне блокадата за Македонија и Албанија во период кога се кројат контурите на методологијата за проширување на ЕУ и кога се враќа оптимизмот дека двете земји ќе добијат датум за преговори.
Oва го тврди Клемент Боне, советник на францускиот претседател, Емануел Макрон. Вели дека откако Велика Британија ја напушти ЕУ, Франција сака повеќе да се фокусира на истокот.
„После Брегзит, повеќе од било кога е важно да се надминат разликите внатре во унијата и да се фокусираме на она што не поврзува“ – изјавил Боне за германски Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Кажа дека Македонија и Албанија нема да имаат посебен третман, оценувајќи дека Париз сака да поттикне стабилност во регионот.
Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален, на прес – конференција во Брисел изрази увереност дека методологијата што ќе ја објави Европската Комисија ќе биде задоволителна за Франција, но сѐ уште не гарантира отворање на преговорите за Северна Македонија и Албанија во март.
Франција инсистира новата методологија да вклучува четири клучни принципи: реверзибилност, политичко управување со процесот, постепеност и конкретност. Според дипломатите во Брисел кои се запознаени со нацртот на ЕК овие барања на Париз ќе бидат задоволени. Потоа земјите членки ќе треба во текот на следниот месец да ја прифатат оваа нова методологија и да одлучат дали даваат зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.
