Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Ако сме издржале 12 месеци, ќе издржиме и 13 и 14

Пендаровски: Ако сме издржале 12 месеци, ќе издржиме и 13 и 14

Шефот на државата Стево Пендаровски по седницата на советот за безбедност рече дека нови рестрикции, карантин нема да има, но ги повика граѓаните кои се опуштија да ги почитуваат мерките. 

Вели дека има разбирање, затоа што една година сме со ограничено движење, но мора да издржиме. 

„Да почекаме уште некоја недела, месец. Ако сме издржале 12 месеци, ќе издржиме и 13 и 14 месеци“, вели претседателот. 

Пендаровски кажа дека бројката од 41 починат вчера укажува дека состојбата е навистина лоша. Изрази разочарување од распределбата на вакцини меѓу богатите и сиромашните земји. Наведе дека и во богатите држави недостигаат вакцини, но во сиромашните земји е уште полошо. 

Тој се заблагодари на Србија, која вакцинираше и граѓани од земји од регионот, меѓу кои и Македонците,  но нагласи дека секој граѓанин треба да добие здравствена заштита во земјата каде живее и плаќа данок. 

Слично

Поврзани вести