Пендаровски: Ако ја прифатевме понудата за ЕЕЗ, тоа ќе значеше дека нема влегување во ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски вечерва во емисијата „Тема на денот“ на Сител рече дека доколку била прифатена идејата за членство на Македонија во Европската економска заедница, тоа би значело согласување да не се пристапува во Европската Унија.
Ова шефот на државата го наведе како одговор до опозицијата, која денеска тврди дека ваквиот избор е скандалозен, бидејќи државниот врв одбил понуда за членство во заедница во која покрај земјите-членки на ЕУ учествуваат и Силанд, Лихтенштајн, Норвешка, британија и Швајцарија.
- Минатата година во октомври делегација од Заев Димиторв и Османи од многу високи европски функционери во Комисијата и Советот на ЕУ ја добија оваа понуда . Но им било кажано дека тоа е алтернативен предлог. И на мене во истиот период ми беше кажано дека можеби ќе бидеме тестирани за таа идеја, откри детали Пендаровски.
Тоа според Пендаровски значи дека не не требало да бидеме членки на политичките институции на ЕУ.
- Нам не ни е доволно само економската интеграција. Тоа му го реков на Макрон. Најважната работа е владеењето на правото, човековите слободи и првата, функционална админситрација, правосудство. Нас не не интересира само профит, материјални добра и дивиденди, наведе тој.
Пендаровски додаде дека Македонија и денес може да побара членство во ЕЕЗ, но дека таму не се влегува само со апликација, туку со одредени услови и прием кој треба да се одобри од сите земји-членки.
- На Хрватите им беше кажано дека нема тоа да им биде алтернатива на членството кога се согласија за ЕЕЗ пред да станат членка на ЕУ во 2014, рече Пендаровски споредувајќи ја ситуацијата со Македонија.
