Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Aко до 1 декември не го смениме Уставот, можно е Албанија и Црна Гора да тргнат забрзано кон Европа

Пендаровски: Aко до 1 декември не го смениме Уставот, можно е Албанија и Црна Гора да тргнат забрзано кон Европа

Македонското Собрание идниот месец треба да донесе одлука за уставните измени, но шефот на државата, Стево Пендаровски не е оптимист дека ќе се случат уставните промени, односно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот и ќе гласа за нив. Уверен е дека во противењето, поточно во кочењето на евроинтегративниот процес на Македонија, партијата гледа шанса да дојде на власт.

„Јас сум еден од ретките, да не речам единствен од оваа структура што сега е на власт кој вели според изјавите што доаѓаат од опозицијата во овој момент е јасно дека нема две третини. Јас не велам дека не се разговара со пратеници, но од она што го гледам од средствата за јавно информирање, не можам да видам дека таму се менува расположението макар и кај еден пратеник за да можам да тврдам дека ќе има уставни измени. Велам треба да има, императив е да има, затоа што ако нема, ние практично остануваме во една посебна подгрупа со Босна и со Косово. И ако до 1 декември не го смениме Уставот, можно е Албанија и Црна Гора да тргнат забрзано кон Европа, а ние сами себе да се блокираме“, вели претседателот. 

Странските дипломати, како што кажа претседателот во интервјуто за „Слободен печат“, им укажуваат на опозиционерите за сите последици од нивниот став, но не им вршат притисок.

Спикерот Талат Џафери закажал седница на 18 август за уставните измени. 

Уставните измени поминаа на владина седница. 

Претставниците од „Вајмарската тројка“ деновиве во Скопје рекоа дека по уставните измени, Бугарија нема да наметнува нови барања за Македонија. 

Но, бугарскиот претседател Румен Радев потсети дека уставните измени не се последниот чекор. 

фото Фејсбук / Стево Пендаровски

Слично

Поврзани вести