Пендаровски: Ако блокадата трае предолго, немаме право да ја држиме Албанија како заложник
Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб рече дека Албанија треба да продолжи понатаму надвор од пакетот со Македонија во евроинтеграциите доколку блокадата од Бугарија продолжи во недоглед.
- Ако Албанија ги исполнува условите, и ако нашата блокада оди долго, немаме право да бараме да се задржат со нас. Господа од Албанија повелете напред бидејќи тоа го заслужувате. Ние сме „замрзнати“ во оваа ситуација, но се надевам дека ќе биде поинаку по парламентарните избори во Бугарија. Ако не, кои сме ние во Скопје да кажеме немојте Албанија да прогресира, ако нас Бугарија не блокира, рече Пендаровски.
Милановиќ рече дека Европската унија не смее да стане хомоген ентитет и дека мора да се почитуваат различните обележја кај народите, а истовремено изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Паула Закаријас, ја искоментира како „невнимателна“.
- Кога станува збор за идентитетот, што би се случило кога Хрватска би го довела во прашање црногорскиот или бошњачкиот јазик. Што би се случило, кога би го сооспориле. Тоа е погрешно и неморално кога че почнете да влегувате во интимниот простор на една држава, таа изјава од една министерка е резултат на незнаење и невнимателност., наведе Милановиќ.
