Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пелегрини: Ниедна земја не треба по скратен пат да влезе во ЕУ

Пелегрини: Ниедна земја не треба по скратен пат да влезе во ЕУ

Претседателот Петер Пелегрини рече дека Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и тоа го прави како пријател, партнер и сојузник. Изјави дека земјава, но и регионот е многу важен за целата Европа, оценувајќи дека тој не смее да остане простор на геополитички натпревар и игри.

„Проширувањето мора да биде фер, предвидлив и процес заснован на истите правила кои важат за сите кандидати“, изјави денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини за време на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета на Братислава.

Словачкиот претседател останува на ставот дека земјите кандидати мора да ги исполнат договорените критериуми, но и дека ЕУ мора да испрати јасен сигнал дека исполнувањето на условите ќе значи и конкретни чекори напред.

Зборувајќи за Украина, тој рече дека ниедна земја, без разлика во колку тешка состојба да се наоѓа, не смее да има предност и по скратен пат да влезе во Унијата, туку треба да го изоди патот на преговори и реформи бидејќи во спротивно би било негативно во однос на земјите од Западен Балкан кои долги години се во преговорите.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре е во официјална посета на Словачка.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести