Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве какво време не очекува денеска

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве какво време не очекува денеска

Ако морате да излегувате на отворено денеска заштитете се, се очекуваат високи температури и висок УВ индекс.

В првиот работен ден од неделава се очекува сончево и многу топло време, со слаб југоисточен ветер.

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 30 до 41 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде на југоитокот од земјава.

Во главниот град се очекува исто така сонце и многу топло време со максимални 39 степени.

Според управата за хидрометеоролошки работи до среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот.

И понатаму ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во средината на неделата попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи.

Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.


Слично

Поврзани вести